Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски во интервју за Информативната Агенција БГНЕС: Најважно за еден медиумски регулатор е финансиската независност

image_pdfimage_print

Целото интервју на д-р Зоран Трајчевски дадено за Информативната Агенција на Република Бугарија БГНЕС, на 15 септември 2016 година, може да се преземе на следниот линк

Европа ни испрати македонски претставници да ни кажат како се прави независен регулатор (СЕМ)

Најважно за работата на еден медиумски регулатор е финансиската независност. Тоа го изјави во интервју за БГНЕС д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија. „Во последните 20 години, финансиската независност се покажа како главен фактор за да може еден медиумски регулатор да биде независен“, истакна тој и продолжи: „Имаме сопствени приходи од радијата, телевизиите и кабелските оператори. Тоа годишно изнесува околу 2,3 милиони евра, и ни ја гарантира таа независност.“

Тој се надева дека бугарските законодавци ќе го земат ова предвид и ќе им обезбедат таква независност и на нивниот регулатор, кога ќе ги прават измените. „Потоа, ова ќе биде почувствувано и од сите граѓани“, категоричен е д-р Трајчевски.

Друго важна работа што е постигната во Македонија и би било добро да се направи и кај нас е избраните членови на СЕМ да не зависат од власта. „Мандатот на членовите на нашата агенција е 7 години, т.е. тие не зависат од промените во власта, чиј мандат е 4 години. Така, тие се сигурни и знаат дека не зависат од волјата на политичките партии од парламентот“, рече д-р Трајчевски.

Тој раководи со најстариот медиумски регулатор во Балканот, создаден уште во 1997 година. Во бугарското Народно собрание, д-р Трајчевски денес разговараше со претставници од СЕМ и со пратеници. Средбата, која е организирана и по европска линија, има за цел запознавање на Бугарија со законските промени од областа на медиумите во Република Македонија, кои се усогласени со директивите на Европската Унија.

 

Д-р Зоран Трајчевски и амбасадорот на Р. Македонија во Бугарија, Н.Е. г-н Марјан Ѓорчев.

„Во медиумската сфера, ние правиме се со цел да сме 100 % усогласени со европските закони. Законите во оваа област се изработени со помош на европски експерти, како и финансиска помош од Европската комисија“ – истакна директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од нашето соседство.

/БГНЕС



Accessibility

Accessibility