Агенцијата изврши мониторинг врз 18 радиодифузери

Скопје,17.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши Мониторинг врз 18 (осумнаесет) радиодифузери: Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРА1, Македонска Радиотелевизија Трет програмски сервис МРА 3, Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРТ1, Македонска Радиотелевизија Втор програмски сервис МРТ2, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје, Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ АРТ ДОО Тетово, ТВ Канал  5 ДООЕЛ Скопје, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје, ТВ Сител ДООЕЛ Скопје, ТВ Сонце ДООЕЛ Скопје, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје, ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип,Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје и Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип,[…]

Билатерална средба помеѓу регулаторните тела на Република Бугарија и Република Македонија во Софија

Скопје, 15.09.2016г. – Делегација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 14 до 17 септември е во службена посета на Советот за електронски медиуми – ЦЕМ на Република Бугарија. Целта на посетата е споделување на меѓусебни искуства во повеќе сегменти, меѓу кои мониторинг за време на изборни циклуси, и размена на гледишта околу реалните шоу програми, заштита на малолетната публика, рекламирање.[…]

Работна средба на Агенцијата и Државната изборна комисија

Скопје, 14.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива.[…]

Поднесено барање за поведување прекршочна постапка за МРТ1

Скопје, 09 септември 2016г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена против Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радиотелевизија.
[…]

Агенцијата изврши мониторинг врз првиот програмски сервис – МРТ1

 Скопје, 07.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши Мониторинг врз Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1).[…]

Одржани работни состаноци со националните радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување

 Скопје, 02.09.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа работни состаноци со националните радиодифузери во Република Македонија, како и со Јавниот радиодифузен сервис. Целта беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат и уште еднаш да се потсетат на правилата за изборно медиумско претставување.[…]

Именуван петтиот член на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување

Скопје, 01.09.2016 година – По предлог на четирите члена на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, постигнат со консензус, Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни … […]

Од утре започнува мониторингот на изборното медиумско претставување

Скопје, 01.09.2016 година  – Советот на Агенцијата на денешната 30-та седница, во согласност со Договорот меѓу четирите најголеми парламентарни политички партии од 31 август 2016 година, одлучи да ја укине Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, донесена на 26.08.2016 година. Методологијата беше подготвена во согласност со последните измени на Изборниот законик од август оваа година.[…]



Accessibility

Accessibility