Привремената комисија предложи покренување на 3 прекршочни санкции – опомени

Скопје, 30.09.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи од мониторингот на изборното медиумско претставување врз 18 програмски сервиси, во периодот од 12-21 септември, до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги достави 3 предлози да се покренат прекршочни постапки во кои судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена за прекршување на член 75 став 1 и член 75-б на Изборниот законик.[…]

Извештај од вонреден надзор по претставка од СДСМ

Скопје, 29.09.2016 – Врз основа на претставка од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Агенцијата спроведе вонреден надзор врз програмата на ТВ Сител. Претставката се однесуваа на почитувањето на начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (начела за вршење на дејноста).[…]

Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски во интервју за Информативната Агенција БГНЕС: Најважно за еден медиумски регулатор е финансиската независност

Целото интервју на д-р Зоран Трајчевски дадено за Информативната Агенција на Република Бугарија БГНЕС, на 15 септември 2016 година, може да се преземе на следниот линк[…]

Интервју на директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски за радио Фокус, Република Бугарија

Директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски и Марија Стојанова, претседателката на Советот за електронски медиуми на 16 септември 2016 година, имаа заедничко интервју за изданието на „Тоа е Бугарија” на радио „Фокус”, Република Бугарија. Целото интервју може да се погледне подолу.[…]

Изработена Нацрт- Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година

Скопје, 27.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Нацрт- Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2015 година. За текстот на Нацрт- Анализата, Агенцијата отвори јавна расправа која ќе трае до 3 октомври 2016 година.
[…]

Агенцијата изврши мониторинг на изборното медиумско претставување на 18 програмски сервиси

Скопје, 27.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши мониторинг на изборното медиумско претставување на 18 програмски сервиси: Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРА 1, Македонска Радиотелевизија Трет програмски сервис МРА 3, Македонска Радиотелевизија Прв програмски сервис МРТ 1, Македонска Радиотелевизија Втор програмски сервис МРТ 2, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје, Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ АРТ ДОО Тетово, ТВ Канал  5 ДООЕЛ Скопје, ТВ Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Шења ДООЕЛ Скопје, ТВ Сител ДООЕЛ Скопје, ТВ Сонце ДООЕЛ Скопје, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје, ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип, Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје и Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип.
[…]

Одржан третиот јавен состанок на Агенцијата за 2016 година

 

Скопје, 27.09.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа третиот јавен состанок за 2016 година. За спроведените активности согласно Годишната програма за работа говореше д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата, кој подробно ги образложи активностите поврзани со реализираните надзори, изречените мерки-опомена на радиодифузерите, операторите на јавни комуникациски мрежи и печатените медиуми, како и барањата за поведување прекршочна постапка.[…]

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет во посета на Агенцијата

Скопје, 23.09.2016г. – Денес во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги претставници на Агенцијата одржаа средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.[…]

Соопштение за јавност за изборниот мониторинг во првите десет дена

Скопје, 20.09.2016г. – Мониторингот на медиумите во периодот од 2 до 11 септември 2016 година покажа дека изборот на темите главно беше диктиран од општествени настани кои се од интерес за граѓаните, заклучи Привремената комисија за следење на медиумското претставување. Информативните изданија на медиумите беа главно неутрални, а медиумите се обидоа да обезбедат ставови од повеќе извори со цел презентирање на јавноста на различни гледишта. Во овој период медиумите се обидоа да ги издвојат новинарските жанрови, извештај од коментар/осврт, […]

Предлог на Привремената комисија за 18 извештаи од извршен мониторинг

Скопје, 20.09.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи за извршен мониторинг на изборното медиумско претставување врз 18 програмски сервиси, достави Предлог до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој се предлага да не се преземаат мерки.[…]



Accessibility

Accessibility