Поднесени барања за поведување прекршочна постапка против ТВ Сител и ТВ Нова

Скопје, 01.10.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по поднесените предлози од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, поднесе барања за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена, против ТВ Сител ДООЕЛ Скопје и ТВ Нова ДООЕЛ Скопје.

Прекршочна постапка за овие два радиодифузера се покренува заради прекршување на член 75 став 1 и член 75-б од Изборниот законик, во периодот од 12 до 21 септември 2016г.

Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) врз ТВ Сител и ТВ Нова можат да се преземат на следните линкови:

Предлог за изрекување на мерка на ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување на мерка на ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

– Писмен извештај од спроведен надзор врз ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

 

Предлог за изрекување на мерка на ТВ Нова ДООЕЛ Скопје

– Писмен извештај од спроведен надзор врз ТВ Нова ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility