Соопштение од Привремената комисија за следење на медиумското претставување за периодот од 12-21 септември 2016 година

Скопје, 05.10.2016г. – Мониторингот на медиумите во периодот од 12 до 21 септември 2016 година покажа дека изборот на темите главно беше диктиран од општествени настани кои се од интерес за граѓаните, заклучи Привремената комисија за следење на медиумското претставување.

Во вториот десетдневен период на изборниот мониторинг забележано е извесно подобрување, но и отстапки од пропишаното.

Информативните изданија на медиумите беа главно неутрални, а медиумите се обидоа да обезбедат ставови од повеќе извори со цел презентирање на јавноста на различни гледишта. Во овој период медиумите се обидоа да ги издвојат новинарските жанрови, извештај од коментар/осврт, со цел, јавноста да може јасно да разликува што е информација за настан, а што коментар/став за одреден настан, тема.

Привремената комисија за следење на медиумското претставување им укажува на медиумите да ја избегнат појавата на поистоветување на државата со партијата и внимаваат на квалитативниот баланс. Ги охрабрува медиумите да го задржат приближниот квантитативен и квалитативен баланс при известувањето и ги потсетува на почитување на професионалните новинарски стандарди.

Истовремено, Комисијата им укажува на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1) да ги почитува стандардите и начелата пропишани во член 111 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Трговското радиодифузно друштво Телевизија Макпетрол (ТЕЛМА) за почитување на одредбите од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Привремена комисија

за следење на медиумско претставување



Accessibility

Accessibility