Отворена јавна расправа за Нацрт годишните планови за надзор и Нацрт годишната програма за работа на Агенцијата за 2017 годинa

Скопје, 16.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година, Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2017 година и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор за 2017 година.

Нацрт-програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)

Нацрт-годишен план за вршење административен надзор за 2017 година

Нацрт-годишен план за вршење програмски надзор за 2017 година

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа која трае до 15 декември 2016 година. Мислењата и предлозите може да се доставуваат по електронски пат на m.dovleva@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.



Accessibility

Accessibility