Соопштение од Привремената комисија за следење на медиумско претставување

image_pdfimage_print

Скопје, 15.11.2016 година – Во врска со објавените пораки од кампањата „Ние одлучуваме“, Привремената комисија за следењe на медиумско претставување укажува: Тргнувајќи од обврската за почитување на Изборниот законик и обезбедување на позитивна клима за фер и демократски избори, Привремената комисијата ги повикува здруженијата на граѓаните и радиодифузерите да го почитуваат духот и словото на Изборниот законик.

Привремената комисијата го почитува правото на граѓанските организации да организираат кампањи од јавен интерес и едукација на граѓаните, но при тоа да обрнат внимание нивните пораки да не бидат идентификувани со пораките на учесниците во изборниот процес.



Accessibility

Accessibility