Мониторинг над изборното медиумско претставување на ТВ Нова, ТВ 24 Вести и ТВ Алфа

Скопје, 25.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при мониторинг на изборното медиумско претставување на радиодифузерите, кај Трговското радиодифузно друштво Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, Трговското радиодифузно друштво Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје и Трговското радиодифузно друштво 24 Вести ДООЕЛ Штип, констатираше прекршување на одредбите од Изборниот законик.

Со надзорот врз Трговското радиодифузно друштво Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје Агенцијата констатираше прекршување на член 76 став 4 и член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик. Мониторингот над Трговското радиодифузно друштво Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје покажа прекршување на член 75-в, додека кај Трговското радиодифузно друштво 24 Вести ДООЕЛ Штип прекршување на член 75-ѓ став 2 од Изборниот законик.

Извештаите од спроведениот мониторинг се достапни на линковите во прилог:

– Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

– Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје (член 75-в од Изборниот законик)

– ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип (член 75-ѓ став 2 од Изборниот законик)



Accessibility

Accessibility