Агенцијата го осудува нападот врз екипата на МРТ

image_pdfimage_print

Скопје, 26.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападот врз новинарската екипа на информативната програма на Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радио телевизија, од страна на припадници и симпатизери на политичка партија.

Посочуваме дека насилството врз новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за актуелните општествено политички настани.

Апелираме да се овозможат нормални и непречени услови за професионално работење на медиумите и медиумските работници.



Accessibility

Accessibility