Предлози од Привремената комисија за изрекување мерка-опомена на ТВ Нова, ТВ 24 Вести и ТВ Алфа

Скопје, 27.11.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи од спроведен мониторинг на изборното медиумско претставување врз Трговското радиодифузно друштво Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, Трговското радиодифузно друштво 24 Вести ДООЕЛ Штип и Трговското радиодифузно друштво Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје, достави Предлози за постапување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена, Привремената комисија достави за ТВ Нова ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 76 став 4 и член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, за ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип за непочитување на член 75-ѓ став 2 и член 76 став 4, додека за Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 75-в од Изборниот законик.

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување за изрекување мерка-опомена се достапни на линковите во прилог:

– Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

– Предлог за изрекување мерка – Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје (член 75-в од Изборниот законик)

– Предлог за изрекување мерка – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип (член 75-ѓ став 2 од Изборниот законик)

– Предлог за изрекување мерка – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип (член 76 став 4 од Изборниот законик)



Accessibility

Accessibility