Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Нова, ТВ Алсат-М и РА Канал 77

Скопје, 27.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при вршење мониторинг над изборното медиумско претставување на Трговското радиодифузно друштво Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, Трговското радиодифузно друштво Алсат-М ДОО Скопје и Трговското радиодифузно друштво Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, утврди непочитување на законските одредби за платено политичко рекламирање.

Со надзорот врз Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје и Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип е констатирано дека спротивно на член 76 став 4 од Изборниот законик, овие радиодифузери емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми, додека телевизијата Алсат-М ДОО Скопје спротивно на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, во неколку реални часови емитувана програма, емитувала повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за политичките партии во опозиција кои се застапени во Собранието на РМ, и повеќе од 1 минута платено политичко рекламирање за политичките партии кои не се застапени во Собранието на РМ.

Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите во прилог:

– Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– ТВ Алсат-М ДОО Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)



Accessibility

Accessibility