Поведени прекршочни постапки против ТВ 24 Вести, ТВ Нова, ТВ Алфа и ТВ Сител

Скопје, 28.11.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по поднесените Предлози за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, поднесе три барања за поведување прекршочни постапки за изрекување прекршочна санкција – глоба и пет барања за поведување прекршочни постапки за изрекување прекршочна санкција – опомена.

Прекршочни постапки за изрекување санкција-глоба, се поведуваат против ТВ Нова ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 75-б и член 75 став 1 од Изборниот законик и ТВ СИТЕЛ ДООЕЛ Скопје за член 75 став 1 од Изборниот законик. Прекршувањата се однесуваат на периодот од 1 до 10 ноември 2016 година.

Прекршочни постапки за изрекување прекршочна санкција – опомена, се поведуваат против ТВ Нова ДООЕЛ Скопје за член 75-ѓ став 1 и член 76 став 4 од Изборниот законик, ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје заради прекршување на член 75-в и против ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип за непочитување на член 75-ѓ став 2 и член 76 став 4 од Изборниот законик. Овие законски прекршувања се однесуваат на периодот од 21 до 24 ноември 2016 година.

Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) врз ТВ 24 Вести, ТВ Нова, ТВ Сител и ТВ Алфа можат да се преземат на следните линкови:

Предлози за изрекување мерка-глоба

Предлог за изрекување мерка – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје (член 75-б од Изборниот законик)

Предлог за изрекување мерка – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје (член 75 став 1 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен мониторинг – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје (член 75 став 1 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен мониторинг – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

 

Предлози за изрекување мерка-опомена

Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен надзор – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен надзор – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје (член 75-в од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен надзор – Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје


Предлог за изрекување мерка – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип (член 75-ѓ став 2 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен надзор – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип


Предлог за изрекување мерка – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип (член 76 став 4 од Изборниот законик)

– Писмен извештај од извршен надзор – 24 Вести ДООЕЛ Штип



Accessibility

Accessibility