Предлози од Привремената комисија за ТВ Нова, ТВ Компани 21-М, Наша ТВ, Регионална ТВ Ултра, ТВ Алсат-М и ТВ Телма

Скопје, 05.12.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмени извештаи од мониторинг на изборното медиумско претставување, до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе Предлози за постапување за Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје, Наша ТВ ДООЕЛ Скопје, Регионална ТВ Ултра ДООЕЛ Скопје, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје и ТВ Алсат-М ДОО Скопје.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, Привремената комисија достави за ТВ Алсат-М ДОО Скопје заради прекршување на член 75-ѓ став 1 и за Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје за повреда на член 76 став 4 и член 75-ѓ став 1од Изборниот законик.

Предлог за поведување прекршочна постапка-опомена, Привремената комисија достави за Наша ТВ ДООЕЛ Скопје заради прекршување на член 76 став 4 и за Регионална ТВ Ултра ДООЕЛ Скопје, ТВ КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје и ТВ Телма ДООЕЛ Скопје за повреда на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик.

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:

Предлози за изрекување мерка-глоба

Предлог за изрекување мерка – ТВ Алсат-М ДОО Скопје

Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 76 став 4 од Изборниот законик)

Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје (член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик)

Предлози за изрекување мерка-опомена

Предлог за изрекување мерка – Наша ТВ ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – Регионална ТВ Ултра ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – Телма ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility