Скопје, 07.12.2016г. – Агенцијата при мониторинг над изборното медиумско претставување на Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Арт, ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, ТРД Радио Антена 5 Петров, Јаневски и Гушев ДОО Скопје и ТРД Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје, констатираше непочитување на членовите од Изборниот законик кои се однесуваат на платено политичко рекламирање.
При надзорот над Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје и ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, Агенцијата констатираше непочитување на член 75-ѓ став 1, односно во еден реален час овие радиодифузери емитувале повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за партиите на власт.
Радиото Антена 5 Петров, Јаневски и Гушев ДОО Скопје и Телевизијата АРТ Артан ДОО Тетово спротивно на член 76 став 2, емитувале платено политичко рекламирање без да го означат нарачателот на рекламирањето, додека на програмата на ТРД Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје спротивно на член 76 став 4 е емитувано платено политичко рекламирање во посебни информативни програми.
Извештаите од извршениот надзор (мониторинг) се достапни на линковите во прилог:
Радио Антена 5 Петров, Јаневски и Гушев ДОО Скопје