Да не се попречува работата на новинарските екипи

Скопје, 07.12.2016 година – Телевизија Нова, на 5-ти и 6-ти декември 2016 година, ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека се соочува со проблеми при известувањето од митинзите на одредени политички партии.

Агенцијата и во овој, најнов случај, во кој е инволвирана ТВ Нова, го повторува својот повеќепати изнесен став дека никој не смее да ги попречува новинарите и новинарските екипи во извршувањето на нивните професионални обврски и на тој начин да го ограничува правото на јавноста да се информира за актуелните општествено политички настани.



Accessibility

Accessibility