Мониторинг над изборното медиумско претставување на ТВ Едо и ТВ Шења

image_pdfimage_print

Скопје, 08.12.2016г. – При мониторинг над изборното медиумско претставување на ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај и ТВ Шења ДООЕЛ Скопје, Агенцијата утврди непочитување на некои членови од Изборниот законик.

Надзорот над ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај покажа прекршување на член 75-ѓ став 1, односно во еден реален час емитувано е повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за партиите на власт. Со надзорот над ТВ Шења ДООЕЛ Скопје е констатирано прекршување на член член 77 став 2, кој се однесува на правилата при објавување резултати од испитување на јавно мислење.

Извештаите од извршениот надзор (мониторинг) се достапни на линковите во прилог:

ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај

ТВ Шења ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility