Предлози од Привремената комисија за Извештаите од мониторингот над изборното медиумско претставување на 22 програмски сервиси за период од 21 до 30 ноември 2016 година

Скопје, 09.12.2016г. – Врз основа на писмените извештаи од извршен мониторинг на изборното медиумско претставување на 22 програмски сервиси, за период од 21 до 30 ноември 2016 година, Привремената комисија за следење на медиумското претставување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги достави Предлози за постапување.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, Привремената комисија достави за ТВ Нова ДООЕЛ Скопје и ТВ Сител ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 75 став 1 и став 2 и член 75-а став 1 точка б и став 2 од Изборниот законик.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена, за истите членови од Изборниот законик, Привремената комисија достави за ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип, ТВ Алсат-М ДОО Скопје, ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје, ТВ Телма ДООЕЛ Скопје и ТВ Шења ДООЕЛ Скопје. За сите останати програмски сервиси доставени се Предлози за неизрекување мерка.

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:

Предлози за изрекување мерка-глоба

Предлог за изрекување мерка – ТВ Нова ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

Предлози за изрекување мерка-опомена

Предлог за изрекување мерка – ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип

Предлог за изрекување мерка – ТВ Алсат-М ДОО Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Телма ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – ТВ Шења ДООЕЛ Скопје

Предлози за неизрекување мерка

Предлог за неизрекување мерка – Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРТ 1

Предлог за неизрекување мерка – Македонска Радиотелевизија – Прв програмски сервис МРА 1

Предлог за неизрекување мерка – Македонска Радиотелевизија – Втор програмски сервис МРТ 2

Предлог за неизрекување мерка – Македонска Радиотелевизија – Трет програмски сервис МРА 3

Предлог за неизрекување мерка – ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

Предлог за неизрекување мерка – ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје

Предлог за неизрекување мерка – ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп

Предлог за неизрекување мерка – Наша ТВ ДООЕЛ Скопје

Предлог за неизрекување мерка – ТВ АРТ ДОО Тетово

Предлог за неизрекување мерка – ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје

Предлог за неизрекување мерка – Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип

Предлог за неизрекување мерка – Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје

Предлог за неизрекување мерка – ТВ Канал 5 Плус ДООЕЛ Скопје

Предлог за неизрекување мерка – ТВ Сител 3 ДООЕЛ Скопје

Предлог за неизрекување мерка – Радио Антена 5 ДОО Скопје

Предлог за неизрекување мерка – Радио Рос Метрополис ДОО Скопје



Accessibility

Accessibility