Предлози од Привремената комисија за ТВ Нова, ТВ Арт, ХДТВ Канал Плус, Радио Антена 5 и Радио Слободна Македонија

Скопје, 09.12.2016г. – Врз основа на писмените извештаи од извршен мониторинг на изборното медиумско претставување на Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Арт Артан ДОО Тетово, ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, ТРД Радио Антена 5 ДОО Скопје и ТРД Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје, Привремената комисија за следење на медиумското претставување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги достави Предлози за постапување.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, Привремената комисија достави за Нова ДООЕЛ Скопје заради непочитување на член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик.

Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена, Привремената комисија достави за ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје заради непочитување на член 75-ѓ став 1, Радио Антена 5 ДОО Скопје и Телевизија АРТ Артан ДОО Тетово заради непочитување на член 76 став 2 и за ТРД Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје за непочитување на член 76 став 4 од Изборниот законик.

Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:

Предлог за изрекување мерка-глоба

Предлог за изрекување мерка- Нова ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка-опомена

Предлог за изрекување мерка – ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – Радио Антена 5 ДОО Скопје

Предлог за изрекување мерка – Телевизија АРТ Артан ДОО Тетово

Предлог за изрекување мерка – Радио Слободна Македонија ДООЕЛ Скопје



Accessibility

Accessibility