Скопје, 10.12.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе контролен надзор врз ТРД БИ-КИ-АЛ Битола, со цел да утврди дали овој радиодифузер постапил по изречената мерка – опомена од страна на Агенцијата, заради прекршување на член 15 став 3 од Законот за медиуми, во предвидениот законски рок од 45 дена.
Со надзорот е констатирано дека овој радиодифузер ги објавил на сопствената програма податоците за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година и доставил снимка до Агенцијата.
Писмениот извештај е достапен на линкот во прилог: