Скопје, 11.12.2016г. – Привремената комисија за следење на медиумското претставување врз основа на писмените извештаи од извршен мониторинг на изборното медиумско претставување на ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп, Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај, ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје и Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, достави Предлози за постапување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – глоба, Привремената комисија достави за Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје, ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај и ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје, заради прекршување на член 75-ѓ став 1, односно во еден реален час емитувале е повеќе од 8 минути платено политичко рекламирање за политичките партии на власт.
Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена, Привремената комисија достави за ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп и ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје заради прекршување на изборниот молк согласно член 76-б став 3, и за Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, заради прекршување на член 76 став 1 од Изборниот законик и емитување на платено политичко рекламирање кое не е соодветно означено и јасно одвоено од другите содржини на медиумот.
Предлозите од Привремената комисија за следење на медиумското претставување се достапни на линковите во прилог:
Предлози за изрекување мерка-глоба
Предлог за изрекување мерка – Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје
Предлог за изрекување мерка – ТВ Едо ДООЕЛ с.Љубин, Сарај
Предлог за изрекување мерка – ХДТВ Канал Плус ДООЕЛ Скопје
Предлози за изрекување мерка-опомена
Предлог за изрекување мерка – ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп