Поднесени барања за поведување прекршочни постапки против ТВ Сонце, ТВ 21 и Радио Канал 77

Скопје, 13.12.2016г. – Врз основа на поднесените Предлози за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до надлежниот суд, поднесе Барања за поведување прекршочни постапки во кои судот ќе изрече прекршочна санкција опомена против три радиодифузера.

Прекршочни постапки се поведуваат против ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп и ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје, поради прекршување на изборниот молк и на членот 76-б став 3 од Изборниот законик и против Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, заради прекршување на член 76 став 1 од Изборниот законик и емитување на платено политичко рекламирање кое не е соодветно означено и јасно одвоено од другите содржини на медиумот.

Предлозите за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештаите од извршениот надзор (мониторинг) можат да се преземат на следните линкови:

Предлог за изрекување мерка – ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп

– Писмен извештај од извршен надзор – ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп

Предлог за изрекување мерка – ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје

– Писмен извештај од извршен надзор – ТВ Компани 21-М ДООЕЛ Скопје

Предлог за изрекување мерка – Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип

– Писмен извештај од извршен надзор – Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип



Accessibility

Accessibility