Скопје, 01.03.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот напад врз новинарската екипа на интернет порталот А1.он.
Безбедноста и животот на медиумските професионалци во ниту еден случај не смеат да бидат загрозени. Напротив, ним секогаш треба да им биде овозможено непречено да известуваат за сите настани и случувања, а особено во општествено-политички мигови кои се од исклучителна важност.