Скопје, 03.03.2017г. – Основното јавно обвинителство достави известување до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во врска со барањето за постапување против ТРД Сител ДООЕЛ Скопје,поради поттикнување и ширење дискриминација, нетрпеливост и омраза во повеќе прилози во четири последователни изданија на дневно-информативната емисија „Дневник’, во 19 и 23 часот, емитувани на 2, 3, 4 и 5 декември 2016 година.
Известувањето може да се преземе на следниот линк, додека вонредниот надзор врз ТВ Сител ДООЕЛ Скопје може да се преземе на следниот линк