Отпочна подготовката на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност 2018-2022 година

Slika_1_15.05.2017Скопје, 15.05.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го означи официјалниот почеток на подготовка на Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2018 до 2022 година.

Целта на Стратегијата е да се мапираат тековните состојби во коишто се наоѓаат аудио и аудиовизуелната дејност да се утврдат цели и насоки за развој на овие дејности во следните пет години, како и конкретни активности за остварување на овие цели.

Стратегијата е предвидена во Програмата за работа на Агенцијата за 2017 година и истата се планира да биде резултат на широк консултациски процес со сите чинители во дејноста со цел истата да ги опфати и соодветно адресира сите клучни прашања на засегнатите страни во медиумската дејност.

Во Стратегијата ќе бидат определени активности со коишто Агенцијата јасно ќе ја позиционира својата улога како регулатор во поттикнување на развојот на дејноста, а соодветни предлози и проактивни активности преку кои голем број од аспектите во областа на медиумите би биле битно подобрени, се очекува да дадат и главните чинители во индустријата и субјектите коишто подлежат на регулација.

Придонес за Стратегијата од аспект на искуства и резултати од работењето, Агенцијата очекува и од институциите, преку своите надлежности, и граѓанските организации, преку бројните проекти од областа на медиумите кадешто Агенцијата има дадено целосна поддршка.



Accessibility

Accessibility