Агенцијата изрече мерка-опомена на ТВ КАНАЛ ВИС

Скопје, 25.05.2017г. – При вонреден надзор врз работата на ТРД ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиутврди дека овој радиодифузер спротивно на член 49 од ЗААВМУ, на својата програма го пренесувал играниот филм Furious 7 од 2015 година, седмото продолжение од серијата акциски филмови Fast & Furious, без договор за уредени права за емитување, склучен со имателот на правата.

За сторениот прекршок Агенцијата на овој радиодифузер му изрече Решение за преземање мерка-опомена и му наложи веднаш по приемот на ова Решение, да го усогласи своето работење согласно законските одредби.

Изреченета мерка е достапна на следниот линк: ТРД ТВ-КАНАЛ ВИС ДООЕЛ Струмица



Accessibility

Accessibility