Студенти од Колеџот УБТ во посета на Агенцијата

UBT-Agencija_2Скопје, 07.06.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на студенти од Универзитетот за бизнис и технологија – УБТ од Приштина, Република Косово.
При посетата, студентите имаа можност да се запознаат со секојдневното практично работење на Агенцијата, нејзините надлежности и начинот на функционирање на Советот на Агенцијата. Студентите покажаа посебен интерес и изразија задоволство од добиените информации за медиумската регулација и за работата на медиумската индустрија во Република Македонија.

Агенцијата останува и понатаму отворена за соработка со сите универзитети и училишта кои имаат интерес за споделување на искуства во областа на медиумите и медиумската регулација.



Accessibility

Accessibility