Скопје, 29.06.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен надзор врз работата на 15 радиодифузери: ТВ Телма Скопје, ТВ КТВ Кавадарци, ТВ Канал – 21 Велес, РА Александар Македонски Кичево, РА МХ Охрид,
РА Мерак 5 ФМ Велес, РТВ Дрини Струга, РА Плус Форте Тетово, РА Лав Охрид, РА Плус Неготино, РА Валандово Валандово, РА Скај Скопје, Џез ФМ Скопје, РА БИ-КИ-АЛ Битола и РА Б-97 Битола.
Надзорот се врши со цел да се констатира дали овие радиодифузери постапиле по претходните изречени мерки од страна на Агенцијата, за недоставување на писмен извештај, за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или ТВ емитување, а особено за проведување на програмскиот концепт, најдоцна до 31 март 2017 година. Со спроведениот контролен надзор констатирано е дека сите горенаведени радиодифузери постапиле согласно законските одредби.
Извештаите од спроведените надзори може да се преземат на следниве линкови: