Потпишан Меморандум за соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“

Скопје, 07.07.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правниот факултет „Јустинијан Први“, на 07.07.2017 година склучија Меморандум за соработка, со цел продлабочување на соработката
која ќе придонесе за размена на искуства, и потврда на заедничката заложба и интерес за унапредување на високо образовната, научно-истражувачка и апликативна дејност.

Потпишаниот Меморандум ја уредува соработката помеѓу Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје на полето на размена на искуства, знаења, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете институции имаат кадровски и други потенцијали и интереси, при што е договорена соработка на полето на едукација и обуки, давање придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражувања и развој од заеднички интерес.

Двете институции ќе соработуваат во изработката на заеднички истражувачки проекти и ќе си даваат меѓусебна поддршка при организација на семинари, научни собири, тркалезни маси и друг вид на настани од заеднички интерес. Оваа соработка за вработените во Агенцијата од една страна ќе значи можност за нивна обука и стручно усовршување. Истовремено, во насока на реализација на наставно-научниот процес на факултетот, вработени од Агенцијата на покана факултетот ќе имаат можност да изведуваат предавања на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“. За студентите на факултетот се отвора можност за реализирање на практична настава во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.



Accessibility

Accessibility