Осуда за вербалните закани кон ТВ Шења

image_pdfimage_print

Скопје, 19.07.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот инцидент во општина Чаир, при кој новинарска екипа на ТВ Шења била изложена на закани од страна на лица, кои тврделе дека се симпатизери на политичка партија.

Суштината на новинарската професија е да обезбеди јавноста да биде информирана за сите прашања и оттаму, новинарите не смеат да бидат попречувани при известувањето за кој било проблем без оглед дали тој ги засега сите граѓани или населението на некоја локална заедница.

Како и многупати досега, апелираме да се почитува достоинството на медиумските работници и да се овозможат услови за професионална работа на медиумите.



Accessibility

Accessibility