Редовен административен надзор врз сите 130 радиодифузери

Скопје, 19.07.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз работата на сите 130 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма, со цел да утврди дали радиодифузерите на сопствената програма, по втор пат оваа година – заклучно со 30 јуни 2017 година,
ги објавиле податоците за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите за финансирање во претходната година, и дали снимката од објавата на податоците ја имаат доставено до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Надзор покажа дека сите 130 радиодифузери ја исполниле законската обврска.

Извештајот од спроведениот административен надзор може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility