Скопје, 21.07.2017г. – Вчера, во рамките на спроведувањето на Итните реформски приоритети кои произлегоа од Извештајот со препораки од 2015 година, Директорот и членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги,одржаа работна средба со експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе.
На средбата се разговараше за начинот на функционирање на регулаторното тело по стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, политичката и финансиската независност на Агенцијата, нејзината транспарентност, како и за слабостите во медиумската сфера и потребата за нивно надминување, особено во поглед на санкционирањето на говорот на омраза, почитувањето на професионалните новинарски стандарди и обезбедувањето услови за непречено вршење на работата на новинарите.