Скопје, 26.07.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.
Во оваа анализа се претставени податоци за бројот на радиодифузерите, нивните економски перформанси во 2016 година (вкупните приходи, структурата на приходите, вкупните трошоци и структурата на трошоците, финансискиот резултат од работењето, како и просечниот број на вработени во редовен работен однос) и податоци за гледаноста на телевизиите и слушаноста на радиостаниците во 2016 година.
Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година може да се преземе на следниот линк.