ОСУДА ЗА НАПАДОТ НА НОВИНАРСКАТА ЕКИПА НА ПОРТАЛОТ НОВА ТВ

Скопје, 24.08.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот напад врз екипата на порталот Нова ТВ, кој се случил во општина Аеродром, за време на покривање на настан на граѓанска иницијатива
за собирање потписи против изградба на бегалски кампови.

Агенцијата веќе неколкупати досега, реагираше дека насилството врз новинарите е неприфатливо и уште еднаш потсетува дека е неопходно да се обезбедат услови за непречено работење на медиумите.

Агенцијата апелира да се почитува достоинството на новинарската професија и да не се попречуваат медиумските работници во извршувањето на нивната професионална задача.



Accessibility

Accessibility