Билатерална средба помеѓу регулаторните тела на Република Бугарија и Република Македонија

image_pdfimage_print

Скопје, 06.09.2017г. – Во насока на продлабочување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на медиумската регулација, беше одржана билатерална средба со претставници на регулаторното тело за електронски медиуми на Република Бугарија.

На средбата се разговараше за повеќе прашања, со акцент на практичните искуства на двата регулатора од мониторинг на медиумското известување за време на изборните процеси и за активностите на Агенцијата за развој на медиумската писменост.

Претставниците на Советот за електронски медиуми на Бугарија, разменија искуства и со членовите на Советот на Агенцијата во поглед на нивната улога, надлежности и начин на функционирање.

Беше констатирано дека досегашната соработка меѓу двете земји во областа на медиумската регулација е на високо ниво, но и дека има простор за нејзино натамошно унапредување.



Accessibility

Accessibility