Мониторинг над изборното медиумско претставување на 24 Вести

Скопје, 04.10.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при мониторинг над изборното медиумско претставување за време на изборната кампања за локалните избори 2017 година, кај ТВ 24 Вести, констатираше непочитување на правилата за објавување на резултати од истражување на јавно мислење.

Надзорот врз ТВ 24 Вести покажа дека во склоп на целината од новинарскиот прилог насловен – „Седми ден кампања за Локалните избори“, не се наведени задолжителните податоци за нарачателот на испитувањето; применетата методологија; големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.

 Извештајот може да се преземе во следниот линк:

ТВ 24 Вести – член 77 став 2 од Изборниот законик – 04.10.2017



Accessibility

Accessibility