Покренати прекршочни постапки против ТВ Алфа, ТВ Компани 21-М и ТВ Стар

Скопје, 12.10.2017г. – Врз основа на извештаите од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, а во согласност со Изборниот законик, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поведе прекршочни постапки против ТВ Алфа, ТВ Компани 21-М и ТВ Стар.

Прекршочна постапка против ТВ Алфа е покрената поради необезбедување избалансирано покривање на локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

Прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Стар се покренати поради емитување на платено политичко рекламирање во посебни информативни програми: во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври 2017 година на ТВ Компани 21 и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври 2017 година на ТВ Стар.

Извештаите од мониторингот на радиодифузерите се достапни на следните линкови:

ТВ Алфа член 75 став 1 од Изборниот законик – 10.10.2017 

ТВ Компани 21-М член 76 став 4 од Изборниот законик – 07.10.2017

ТВ – СТАР член 76 став 4 од Изборниот законик – 06.10.2017

 



Accessibility

Accessibility