Мониторинг над изборното медиумско претставување на ТВ Алфа

image_pdfimage_print

Скопје, 13.10.2017г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при мониторинг над изборното медиумско претставување за време на изборната кампања за локалните избори 2017 година, кај ТВ Алфа утврди емитување на прилози со резултати од испитување на јавното мислење поврзано со учесниците во изборниот процес, по истекот на законски пропишаниот рок за тоа.

Резултатите од испитувањето на јавното мислење поврзано со учесниците во изборниот процес, се објавени на 10 и 11 октомври, во рамки на ТВ магазинот „Алфа Скоп“, во информативниот блок насловен „Вести избори“.

Извештајот може да се преземе во следниот линк:

ТВ Алфа член 77 став 1 од Изборниот законик – 13.10.2017 



Accessibility

Accessibility