Покрената прекршочна постапка против ТВ Алфа

Скопје, 13.10.2017г.– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на извештајот од мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, заради емитување на прилози со резултати од испитување на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, по истекот на законски пропишаниот рок за тоа, против ТВ Алфа покрена прекршочна постапка.

Прилозите со резултатите од испитувањето на јавното мислење, се емитувани на 10 и на 11 октомври 2017 година, во рамки на ТВ магазинот „Алфа Скоп“, во информативниот блок насловен „Вести избори“.

Извештајот од мониторингот на ТВ Алфа е достапен на следниот линк: ТВ Алфа член 77 став 1 од Изборниот законик – 13.10.2017 

 



Accessibility

Accessibility