Изборен молк поради прегласување во Општина Чаир за радиодифузерите на национално ниво и на регионално ниво кои емитуваат програма на територија на Скопје

image_pdfimage_print

Скопје, 11.11.2017г. Поради повторување на гласањето во вториот изборен круг од Локалните избори 2017 година во Општина Чаир, денес и утре (12 ноември) до 19 часот e изборен молк.

Радиодифузерите кои емитуваат програма на национално ниво и радиодифузерите на регионално ниво кои емитуваат програма на територија на Скопје, имаат обврска да ги почитуваат правилата за известување при изборен молк од Изборниот законик, член 76-б став 3, согласно кои медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување.

При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле  изборниот  молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите; какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите; податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

 



Accessibility

Accessibility