ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ОБСЕ ЗА СЛОБОДА НА МЕДИУМИ

Скопје, 15.11.2017 година – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, вчера попладне оствари средба со претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Харлем Дезир.

На средбата се разговараше за состојбите во медиумската сфера, за проблемите со кои се соочува Јавниот радиодифузен сервис и за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Акцент беше ставен на обезбедување на стабилни извори за финансирање на регулаторот и на МРТ. На средбата присуствуваа и директорот на Македонската телевизија и претставник од новинската агенција МИА.



Accessibility

Accessibility