Одржана Конференција за политичкиот плурализам во медиумите надвор од изборна кампања

image_pdfimage_print

Скопје, 24.01.2018г. – Во организација на Македонскиот институт за медиуми и Советот на Европа, денес во Скопје се одржа конференција посветена на политичкиот плурализам во медиумското известување, во период надвор од изборна кампања.

 

Целта на конференцијата беше да се поттикне дискусија за ова важно прашање меѓу релевантните чинители во земјава и вклучувајќи ги искуствата и трендовите во европските земји, да се понудат препораки за унапредување на моменталната состојба. 

Во сесијата посветена на механизмите за промовирање на политичкиот плурализам во медиумските содржини во Македонија, излагање имаше директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, кој ги посочи правната рамка на регулаторот и досегашните активности на Агенцијата по ова прашање, како и препораките за поттикнување на политичкиот плурализам во медиумите. Дел од препораките се однесуваа на почитувањето на професионалните стандарди – во контекст на обезбедување политички плурализам; организирање дебати, тркалезни маси и работилници каде ќе се претстават заедничките заложби на сите чинители од медиумската заедница; медиумите да обезбедат разновидно претставување на различните политички и идеолошки групи, вклучувајќи ги и малцинските ставови и интереси, како и да обезбедат еднаков третман за различните политички гледишта. 

Останатите говорници на настанот, го потенцираа значењето на саморегулацијата во медиумите и градењето на систем за заштита на политичкиот плурализам, а дел од дискусијата ги опфати и искуствата од европските земји во поглед на политичкиот плурализам во медиумските содржини.



Accessibility

Accessibility