На новинарите да им се овозможи непречено вршење на работата

Скопје, 02.02.2018г. –  Во врска со вчерашната реакција на ТВ 21 дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес.

Улогата на медиумите и отвореноста на институциите кон нив е од клучно значење во  современите демократски општества, бидејќи само на тој начин се овозможува отварање и учество во пошироки јавни дебати, слободно создавање на јавното мислење и формирање критички ставови.



Accessibility

Accessibility