Промовирани ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017г.

Скопје, 01.03.2018г. – Со цел да се сврти вниманието на медиумите кон препознавање на важноста на информирањето за родовите прашања, како и да се поттикне надминување на родовите стереотипи, Агенцијата денес ги претстави резултатите од истражувањето за родот во телевизиските програми во 2017 година и промовираше ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите.

Истражувањето за застапеноста на родот во телевизиските програми се состои од две анализи – едната за родовите прашања во програмските концепти и содржини на дневно-информативните емисии на телевизиите на национално ниво, а другата на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во рекламите.

Наодите од истражувањето покажуваат дека темите кои можат да бидат обработувани од родов аспект не се препознаваат од новинар(к)ите и од ТВ куќите, а родовите прашања и теми имаат ниско ниво на застапеност во дневно-информативните изданија. Мажите, носители на високи јавни функции, се јавуваат во повеќе различни прилози на ниво на дневно издание на вестите, најчесто во улога на соговорници, а продолжува и трендот на користење машки граматички род како универзален во претставувањето на професиите и функциите. Генерално, медиумите, темите поврзани со родот ги третираат неутрално, но, се забележува делумно позитивен тренд онаму каде што бројот на уреднички е поголем. Во однос на рекламите, забележливо е дека постои одредена изедначеност во поглед на застапеноста на мажи и жени актер(к)и, додека во поглед на нараторството забележлива е доминација на машкиот глас кај домашните и кај странските.

 

Во рамки на медиумската кампања „Сексизмот понижува“ беа презентирани два телевизиски и еден радио спот, чија цел е подигнување на свеста кај јавноста и кај медиумските работници за важноста на родовата еднаквост и надминување на родовите стереотипи и предрасуди. Имајќи предвид дека станува збор за кампања од јавен интерес, Агенцијата очекува медиумите бесплатно да ги емитуваат на својата програма.

 

ТВ и радио спотовите се објавени на YouTube каналот на Агенцијата и истите се достапни на следните линкови:

ТВ спот 1 – Сексизмот понижува!  

ТВ спот 2 – Сексизмот понижува!   

Радио спот – Сексизмот понижува!



Accessibility

Accessibility