Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2017 година

Скопје, 26.03.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја поздравува и воедно се приклучува кон иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

Агенцијата отсекогаш работела отворено, јавно и транспарентно и редовно во своите активности ги вклучува сите заинтересирани страни. Отчет за своето работење, во вид на годишни извештаи доставува до Собранието на Република Македонија. Овие извештаи, во кои се содржани податоци и за финансиското работење се објавуваат на веб страницата на Агенцијата, уште од 2009 година.

Во контекст на иницијативата за објавување на трошоците на носители на јавни функции, ја известуваме јавноста дека директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски, при вршењето на својата функција, во периодот од 1 јуни до 31 декември 2017 година има направено трошоци во вкупен износ од 345.896,00 денари и тоа по следните ставки:

  1. при патувања во странство – 172.779,00 денари, од кои:
  • за авионски билети – 96.943,00 денари,
  • за хотелско сместување – 75.836,00 денари
  1. трошоци за репрезентација во Република Македонија – 152.620,00 денари од кои:
  •  угостителски услуги за регионалната конференција на регулаторни тела за медиуми – 76.000,00 денари
  • други угостителски услуги – 76.620,00 денари
  1. за службен мобилен телефон – 20.497,00 денари, од кои:
  • трошоци за мобилна телефонија – 17.346,00 денари (месечниот паушал е во висина од 2.478,00 денари)
  • трошоци за роаминг – 3.151,00 денари

 



Accessibility

Accessibility