Билатерална средба помеѓу регулаторните тела на Република Македонија и Република Албанија во Тирана

image_pdfimage_print

Тирана, 30.03.2018 – Делегација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и претставници на регулаторното тело за медиуми на Република Албанија (АМА), денес во Тирана, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на искуства во областа на медиумската регулацијата.

 

На билатералната средба, двете регулаторни тела разговараа за искуствата поврзани со процесот на дигитализација на телевизиите, мониторингот на медиумски содржини, авторските права, рекламирањето, како и развојот на медиумите и технолошките иновации во тој правец. Во рамки на средбата, беше остварена и посета на националната телевизија Топ Чанел, Албанија. 

Двете страни констатираа дека има простор за унапредување на билатералните односи, посебно за заеднички прашања од интерес и во таа насока најавија потпишување на меморандум за сработка.



Accessibility

Accessibility