Отворена јавна расправа за Предлог-упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт

image_pdfimage_print

Скопје, 23.04.2018г. – Вонредниот надзор за почитувањето на член 67 став 6 од ЗААВМУ, кој пропишува дека радиодифузерите се должни во текот на една недела да исполнуваат 80% од програмскиот концепт за кој им е доделена дозволата за радио или ТВ емитување, покажа дека е нужно во посебен документ да се утврди начинот на постапување на Агенцијата при надзорот на оваа одредба. Имено, потребно е да се објасни како ќе се пресмета дали радиодифузерот во текот на една недела исполнува 80% од програмскиот концепт.

Агенцијата изработи Предлог-упатство за надзор на спроведувањето на програмскиот концепт и ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната расправа за овој документ. Мислењата и предлозите во писмена форма можат да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа е отворена до 30 април 2018 година (понеделник).



Accessibility

Accessibility