Студенти од Економски факултет Скопје во посета на Агенцијата

image_pdfimage_print

Скопје, 24.04.2018г. – Студенти од катедрата за Економија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Економски факултет Скопје, во рамките на практичната настава по предметот Државна регулација, денес ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За време на посетата, на студентите им беа презентирани надлежностите и најважните аспекти од секојдневното работење на Агенцијата – видовите надзор и начинот на нивно вршење, доделувањето дозволи за радио и телевизиско емитување, активностите со поттикнувањето медиумска писменост и родова еднакавост, изрекувањето мерки на  радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и печатените медиуми и нивните најчести прекршувања во 2016 и 2017 година.

Агенцијата ја поздравува заинтересираноста на студентите за стекнување нови знаења и останува и понатаму отворена за соработка со сите универзитети и училишта кои имаат интерес подетално да се запознаат со работата на регулаторот и состојбите во аудиовизуелната област.



Accessibility

Accessibility