На медиумските работници да им се овозможи слободен пристап до сите настани

Скопје, 19.07.2018 – По реакцијата на дел од фоторепортерите на кои вчера за време на лидерската средба на политичките партии во Клубот на пратеници не им беше овозможено да си ја вршат слободно својата професионална задача, Агенцијата апелира дека треба да се најде соодветен начин, на медиумските работници да им се овозможи слободен пристап до сите настани што се од јавен интерес дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки.

Зачувувањето на достоинството на новинарската професија е особено важно и од тие причини е неприфатливо арогантно и недолично однесување кон претставниците на медиумите.

Медиумите имаат различен пристап во обликувањето на содржините коишто и ги пласираат на јавноста, која пак, само преку разновидни информации може да изгради сопствен став. Од овие причини, Агенцијата потсетува на неопходноста од создавање услови за извршување на обврските на медиумските работници.



Accessibility

Accessibility