Скопје, 26.07.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги сочувствува со семејствата на жртвите од пожарите што изминативе неколку дена ја зафатија Република Грција.
Ваквите случувања нè потсетуваат сите нас дека човечката трагедија не познава граници и оти во овие моменти треба да се подаде рака и да се пружи помош. Во овој контекст, Советот на Агенцијата на денешната седница, донесе заклучок да отвори постапка за донирање на финансиски средства за настраданите, во висина од 1.000.000 денари.