Скопје, 27.07.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвора јавна расправа за текстот на Нацрт-Упатство за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа, и истите во писмена форма да се достават по електронски пат на contact@avmu.mk.
Јавната расправа е отворена до 27 август 2018 година (понеделник).